Градежен инженер
-
Категорија
-
Плата
Редовна и конкурентна плата


City Build градежна компанија препознатлива по своето професионално работење, стабилност и долгогодишно искуство во градежниот сектор, поради зголемен обем на работа и реализација на нови проекти, има потреба од проширување на својот тим. Бараме:
Градежен инженер
Локација: Скопје
Потребни квалификации и способности:
- ВСС – Дипломиран градежен инженер;
- Минимум 2 години работно искуство;
- Овластување Б категорија за изведба;
- Познавање на работа на компјутер (AutoCAD, ArchiCad, Pantheon, MS Office, MS Project);
- Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото;
- Одговорност, организираност и посветеност во работата;
- Професионален однос кон работата.
Опис на работна позиција:
- Подготовка на понуди, градежни дневници, градежни книги и времени ситуации;
- Координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на потебната документацијата;
- Следење на развојот на проектот и давање на насоки;
- Следење на стандардите и нивните промени;
- Познавање на оперативни практики на градење;
- Оперативни и административни обврски врзани за тековното работење.
Што обезбедуваме:
- Редовна и конкурентна плата;
- Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности;
- Работа во професионален и организиран тим;
- Градење успешна кариера;
- Можност за надградба на професионален план.
Доколку си одговорен, искусен и сакаш да бидеш дел од сериозна компанија која го цени трудот и квалитетната работа – аплицирај преку белото копче Аплицирај.
Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Контакт за повеќе информации: 078/290 352
Сите останати активни огласи од
City Build
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче















