Алфа Електроник го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Персонал за продажба (м/ж)

Локација: Булевар 1ви мај 56 – Битола (кај Црн Мост)

Работно време: Работа во 2 смени (прва смена: од 08 до 15 часот; втора смена: од 13 до 20 часот).


Опис на работните обврски:

  • Професионална и љубезна комуникација со купувачите и советување при продажба;
  • Прием, сортирање, пакување и соодветно изложување на стоката;
  • Одржување на уредноста, редот и прегледноста во продажниот простор;
  • Работа со фискална каса и издавање на сметки.

Барања и квалификаци:

  • Одлични комуникациски вештини и професионален однос кон клиентите;
  • Способност за тимска работа и одговорност;
  • Основно познавање на работа со компјутер;
  • Претходно искуство во продажба или познавање на електричен материјал и опрема ќе се смета за значајна предност.

Што нудиме:

  • Почетна плата 31.000 денари (платата расте во зависност од стекнатото искуство и напредување во работата);
  • Претходното познавање на дејноста е предност која директно влијае врз висината на платата, а истата дополнително расте со напредување во работата;
  • Обезбеден платен период за обука и прилагодување;
  • Пријатна и динамична работна средина.

Аплицирајте со испраќање на вашето CV (со фотографија) преку белото копче Аплицирај или донесете го лично во Алфа Електроник на Булевар 1-ви Мај бр.56 –  Битола (кај Црн Мост).

Дополнителни информации: 075/251 254

 Очекуваме да станете дел
од нашиот успешен тим!