AG Sembol го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Мерчендајзер

Локација: Скопје или Тетово (кандидатите мора да бидат од овие региони)

Краток опис на работната позиција:

Бараме одговорна, динамична и организирана личност која ќе се приклучи на нашиот тим како Марчендајзер. Позицијата опфаќа теренска работа и грижа за правилната презентација, достапност и истакнатост на нашите производи во продажните објекти.

Главни одговорности и задачи:

  • Редовно обиколување на продажните објекти на доделениот терен (Скопје / Тетово);
  • Грижа за целосна видливост, уредност и достапност на производите на продажното место;
  • Истакнување на ценовници, промотивни материјали и материјали за акции;
  • Координација со тимот за продажба и одговорните лица во објектите за состојбата со производите;
  • Поставување на дополнителни промотивни позиции;
  • Известување за состојбата од терен и следење на активностите на пазарот.

Потребни квалификации:

  • Живеалиште во Скопје или Тетово (или непосредна околина);
  • Средно образование (СССР);
  • Возачка дозвола Б – категорија (активен возач);
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Одговорност, самостојност и точност.

Што нудиме:

  • Редовни и компетитвни примања;
  • Фиксно работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок (08:00 – 16:00), викенди слободни;
  • Обезбедени ресурси за работа (службено возило и телефон);
  • Динамична работа на терен и стабилни работни услови.

Како да се пријавите:

Испратете ја вашата биографија (CV) преку белото копче Аплицирај со назнака “Оглас за Марчендајзер – [Скопје / Тетово]”.