Клиничката болница „Аџибадем Систина”
има потреба од вработување на:

Тим-лидер за одржување на хигиена

Опис на работното место:

Тим лидерот за одржување на хигиена врши контрола на хигиената во болничките простории и болничките соби при нивна секојдневна проверка, води евиденција за состојбата на хигиената во болницата како и правење извештаи за истото, а сето тоа во постојана комуникација со останатите вработени:

  • Организација, координација и надзор на тимот задолжен за одржување на хигиената во болницата;
  • Распределба на работните задачи и следење на нивно навремено и квалитетно извршување;
  • Контрола на хигиената во болничките соби, операционите сали, амбулантите, ходниците и останатите простории;
  • Врши обука и ги насочува вработените за правилно користење на средствата и опремата за чистење и дезинфекција;
  • Врши контрола за потрошниот материјал и навремено пријавува потреба за набавка;
  • Следи работна дисциплина и ефикасност на тимот.

Потребни квалификации и познавања:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Претходно работно искуство во организација во одржување хигиена, по можност во здравствена установа ќе се смета за предност;
  • Искуство во организацијата и раковоедење со тим ќе се смета за предност;
  • Способност за прилагодување на работа во смени и флексибилност во однос на работното време;
  • Развиени комуникациски и лидерски способности;
  • Способност за работа во динамична средина;
  • Познавање на протоколи за хигиена и дезинфекција ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутери (MS Office, Word, Excel, PowerPint).

Дополнителни информации:

  • Огласот е отворен 15 дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.