Администратор во оддел хумана репродукција
-
Категорија
-
Плата/


Клиничка Болница “Аџибадем Систина”
има потреба од вработување на:
Администратор во оддел хумана
репродукција/IVF
Опис на работното место:
- Организирање, координирање и закажување на термини за пациенти;
- Секојдневна комуникација со пациенти, лично, телефонски и преку електронска пошта;
- Прием, евидентирање и ажурирање на медицинска и административна документација;
- Водење на евиденции поврзани со лабораториските процедури и третмани;
- Подготовка, обработка и архивирање на документи согласно законските прописи и интерните процедури на болницата;
- Координација помеѓу пациентите, докторите, ембриолозите и останатиот медицински персонал на одделот;
- Следење на административниот тек на постапките за асистирана репродукција;
- Изработка на извештаи, табели и друга административна документација;
- Грижа за точноста, навременоста и доверливоста на податоците;
- Останати специфични активности на одделот.
Потребни квалификации и познавања:
- Завршено средно/високо образование (предност ќе имаат кандидати од областа на здравствените науки, администрација, менаџмент или сродни области);
- Одлично познавање на MS Office пакет (Word, Excel, Outlook);
- Претходно искуство во областа ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување).
Личен профил:
- Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
- Почитување на правила и кодекс на работа;
- Внимателност и прецизност при работењето;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
- Процена на проблеми и решавање на проблеми;
- Висока работна етика.
Дополнителни информации:
- Огласот е отворен 15 дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
- Дискреција на кандидатите е загарантирана;
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Сите останати активни огласи од
Аџибадем Систина
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче









