МАКЕДОНИЈАЛЕК – СИНОНИМ ЗА ДОВЕРБА, ТРАДИЦИЈА И УСПЕХ

Македонијалек е првата веледрогерија во Македонија, со повеќе од 40-годишна традиција и врвни достигнувања во фармацевтската дејност, како и важен дел од здравствена заштита. Преку иновативен и современ начин на работа придонесуваме во пронаоѓање решенија за предизвиците на нашето време. Со децениска посветеност и континуиран напредок во работењето, Македонијалек прерасна во организирана компанија, лидер во дејноста. Бројните награди и признанија сведочат за високите вредности и принципи според кои се раководиме.

         КОМПАНИЈА СО НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА

Постојаниот развој на компанијата ја наметнува потребата за засилување и проширување на тимoт. Компанијата е отворена за динамични и посветени личности, оние кои поседуваат, ентузијазам и желба за градење на кариера во успешна компанија. Македонијалек Ви нуди можност, без разлика во која фаза од вашата кариера сте, да бидете дел од успешен тим кој со својата компетентност и заложба постигнува врвни резултати. Тимот од над 140 вработени е составен од искусни професионалци од различни области. Секој вработен има значајна улога и придонес за непречено работење на компанијата што во голем дел го постигнуваме со усовршување и вложување во програми за обука кои поттикнуваат личен и професионален развој. Заедничка цел на компанијата и вработените е оптималната продуктивност и задоволство во работењето.

ВРАБОТЕНИТЕ СЕ НАШ НАЈВРЕДЕН КАПИТАЛ!

Tе покануваме да ја следиш Македонијалек на следниот линк и да аплицираш на отворените активни Огласи за вработување.