Исполнете ги сите ваши итни потреби со дозволеното пречекорување на трансакциска сметка во Халкбанк
Предвремено трошење на расположливите парични средства може да му се случи на секој од нас. Во таква непланирана ситуација најчесто се осврнуваме кон барање позајмици од пријатели и роднини или паричен заем од финансиска институција, како би можеле непречено да продолжиме со задоволување на моменталните потреби. Имајќи предвид дека ваквите заеми е потребно да ни бидат достапни во релативно брзо време, наједноставно решение е овозможување дозволено пречекорување на трансакциската сметка. Ваквиот вид на заем се добива без потреба од жиранти и без обемна документација како онаа при подигнување кредит .
Дозволениот минус е најлесното решение за надминување на моменталниот или периодичен недостиг на пари, кон кое луѓето прибегнуваат кога им е потребна готовина за купување, но и за подмирување ненадејни или итни трошоци.
Каматата за овој вид заем се пресметува само за износот на искористените средства. Па така, вие навистина ќе платите камата доколку искористите средства од дозволениот минус. Дозволениот минус е најбрзиот кредитен третман. Тој е лесно достапен, а процедурата за одобрување е едноставна и брза. Веќе по исплатата на првиот личен доход се добива право на дозволено пречекорување.
Халкбанк АД Скопје на своите клиенти кои се во редовен работен однос или примаат пензија преку банката, одобрува дозволен минус и тоа во висина до 3 месечни плати за вработени и до 2 месечни пензии за пензионери. Поднесувањето на барањето е брзо и едноставно и може да се направи во која било филијала на Халкбанк. Каматната стапка е фиксна и изнесува 9,25% на искористениот дел. Меѓутоа, со дозволениот минус самите го одредувате начинот на користењето на средствата и имате целосна контрола над трошоците бидејќи каматата се плаќа единствено за деновите кога сте го искористиле минусот и на износот кој сте го потрошиле.
Затоа, доколку примате плата или пензија преку Халкбанк, аплицирајте и на наједноставен начин дојдете до дополнителни средства за покривање на вашите потреби и обезбедете ја вашата финансиска сигурност.
Слични информации
Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го... прочитај повеќе
Плаќајте со апликацијата HalkPay и откријте ја нејзината супермоќ
Халкбанк АД Скопје е присутна цела деценија на македонскиот пазар и со секој производ, платформа... прочитај повеќе
Нов промотивен депозит на Халкбанк со атрактивна каматна стапка од 2%
Ова лето е добра прилика да се започне да се штеди. Во Халкбанк тоа може... прочитај повеќе












