Аплицирај за работата која ја посакуваш!
Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика
Вработени
704 617
Невработени
91 782
Стапка на вработеност
46.4
Стапка на невработеност
11.5
Просечна месечна нето плата
46 889
Просечна месечна бруто плата
70 520
Се што треба да знаете за YouthSpeak Forum организиран од AIESEC

AIESEC е најголемата младинска, светска организација која има за цел развој на младите преку добивање на можност да го истражат и развијат својот лидерски потенцијал, а преку тоа да ги подобриме квалитетот и условите за живеење во општеството во целина за сите.
Организацијата е присутна во повеќе од 114 земји и територии, и работи на активирање на лидерство кај младите од 1948. До сега има над 1,000,000 млади луѓе поминале низ AIESEC искуството.
YouthSpeak Forum е проект кој го организира AIESEC на глобално ниво и моментално се организира во повеќе од 100 земји. AIESEC активно ги вклучува младите во проекти кои се базирани на Целите за Одржлив Развој на Обединетите Нации до 2030 година, а овој проект е дел од таа програма. Целта на проектот е обезбедување платформа во која младината има можност да го искаже својот глас, да биде едуцирана за модерните проблеми глобално и локално, од истомислени компании и организации, кои се залагаат за општествен развиток и соодветно вклучување во дискурсот за нивно решавање, притоа обезбедувајќи посветла иднина за сите нас по пат на ангажирање на висококвалитетна младина која воедно ќе биде главниот двигател на општествените промени во иднината.
YouthSpeak Forum исто така овозможува проширување на мрежата на контакти со влијателни претставници од приватниот и невладиниот сектор како и директен, позитивен импакт на општеството. YSF е наменет за спојување на истомислени поединци и организации со цел активно ангажирање и креирање нови можности за младите во Македонија.
Овогодишниот настан ќе се одржува вируелно, овозможувајќи им на сите млади во државата од секаде да присуствуваат на 21ви и 22ри мај. Настанот е бесплатен за сите млади.
Зошто YouthSpeak Forum:
- Платформа каде младите можат да го искажат своето размислување за проблемите, меѓутоа и да стекнат повеќе информации за истите;
- Простор за networking и запознавање со влијателни компании и невладини организации од истите сектори;
- Работа на случај и brainstorming сесии во соработка со приватниот и невладиниот сектор, преку кое ќе пронајдеме потенцијални решенија на проблемите;
- Директно влијание врз локални и глобални проблеми;
- Допринос до Целите за Одржлив Развој на Обединетите Нации;
- Networking и ширење на мрежата на контакти со истомисленици и млади активисти кои се борат за подобро утре;
- Бесплатен и онлајн настан;
Корисни линкови:
Линк до настанот на ФБ:
Линк за пријавување:
Линк до Instagram профил: https://www.instagram.com/aiesecmacedonia/
Линк до Facebook профил: https://www.facebook.com/aiesec.macedonia
Линк до LinkedIn профил: https://www.linkedin.com/company/aiesecmacedonia

Останати информации
Integrated Dementia Care and Capacity Building Services
Within the framework of the Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia 2021–2027 Programme, the... прочитај повеќе
Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го... прочитај повеќе
Неработни денови 2026 година
Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година. Согласно... прочитај повеќе
Зачлени се во нашиот
Е-Огласник
Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика























