Глобал Шејперс Скопје Хаб е во потрага по нови членови, аплицирај до 10 април 2022
Дали сакате да бидете дел од позитивни промени и да ја „обликувате“ заедницата преку сопствена иницијатива? Дали сте на возраст од 18 до 27 години? Сакате одлична дружба, размена на идеи и вмрежување со млади професионалци и лидери од целиот свет? Ако одговоривте да на овие прашања, можеби токму ВИЕ сте новиот Шејпер кој го бараме!
АПЛИЦИРАЈ ЗА ГЛОБАЛ ШЕЈПЕР!
Кои сме ние?
Глобал Шејперс Скопје Хаб е дел од Заедницата на Глобал Шејперс (Global Shapers Community) која e инцијатива на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF). Таа е мрежа од над 10.100 Шејпери и над 450 хабови ширум светот, равиени и водени од млади индивидуалци кои се исклучителни во својот потенцијал, успесите и постигнувањата кои ги имаат зад себе и желбата да придонесат во нивните заедници.
Што е Шејпер?
Шејперите (Global Shapers) се високо мотивирани млади луѓе, на возраст 18-27 години, кои имаат голем потенцијал за идни лидерски улоги во општеството. Тие се избрани врз основа на нивните постигнувања, лидерски потенцијал и посветеност да направат разлика и да ја „обликуваат заедницата” во која работат и живеат.
Добредојдени се сите млади на возраст до 27 години, кои се успешни во областите во кои дејствуваат и кои сакаат да работат на иницијативи и идеи кои поттикнуваат младинско учество, активизам, претприемништво и останати теми кои ги засегаат младите.
Што треба да направат младите за да се пријават?
Пополнете ја пријавата на следниот линк: https://forms.gle/qpcLFj2WvfSQxzio7 и испратете ни ја вашата биографија/CV на skopjeshapers@gmail.com .Рокот е до 10.04.2022.
Ве очекуваме!

Слични информации
Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024
Денеска стартува наградната игра „Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024” во организација... прочитај повеќе
Стопанска комора на Северна Македонија започнува четири месечна програма за развој на Стартап Бизниси – Учеството е без надомест, пријавете се!
Со формирањето на Советот за унапредување на високо образование и стратешки истражувања во Стопанската комора... прочитај повеќе
Летна школа за финансиска писменост
Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост... прочитај повеќе











