Повик за учесници на DataThon
Подобри ја твојата иднина преку податоци
#ПодатоцитеЗборуваат
По повод 10-годишнината на ЗМАИ, ви го претставуваме DataThon – настан кој го организираме со поддршка од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности. Настанот ќе ги собере најиновативните млади професионалци од областа на податоците. Овој тридневен предизвик ќе се одржи од 27-ми до 29-ти септември 2024 година во Скопје. Целта е да бидат создадени нови и креативни решенија базирани на јавно достапни податоци, кои ќе имаат потенцијал да ја променат иднината на бизнисите, граѓаните и јавните услуги.

Со поттикнување на овозможувачка средина, DataThon-от има за цел да поттикне култура на одлучување водено од податоци кај младите професионалци, со цел напредување во нивните кариери и подобрување на условите во кои живеат.
Цел на настанот:
- Поттикнување на младите професионалци да користат податоци за создавање на иновативни решенија;
- Промоција на размислување базирано на податоци во бизнисот, јавната сфера и решавањето на проблеми;
- Обезбедување практично искуство во користење на јавно достапни податочни сетови.
Кој може да учествува? Млади професионалци на возраст од 19 до 29 години, кои се во раната фаза на својата кариера. Ги охрабруваме сите учесници кои се запишани или неодамна дипломирале на обуки за анализа на податоци или наука за податоци, како и младите вработени во стартапи или компании чија работа е базирана на податоци, да се пријават на овој повик.
Награда:
- 60.000 денари и поддршка за понатамошен развој на идејата.
Како да се пријавите? Формирајте тим од 4-5 членови и поднесете ја вашата апликација на следниот ЛИНК. Аплицирањето е отворени до 20-ти септември 2024 година.
Повеќе информации: За детални информации околу настанот и условите за учество, посетете ја веб страната на ЗМАИ: https://zmai.mk/wp-content/uploads/2024/09/DataThon.pdf.
Контакт: Доколку имате прашања, контактирајте не на contact@zmai.mk.
#10ГодиниЗМАИ #ПодатоцитеЗборуваат
*Настанот се организира со поддршка од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центар за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.
*Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/ЗМАИ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).
Останати информации
Integrated Dementia Care and Capacity Building Services
Within the framework of the Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia 2021–2027 Programme, the... прочитај повеќе
Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го... прочитај повеќе
Неработни денови 2026 година
Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година. Согласно... прочитај повеќе




















