Golden Art е градежна и инвестициска компанија со повеќе од 20 години континуирано присуство на пазарот, со сопствени инвестиции, проектирање, надзор и изведба на станбени и деловни објекти.

Како дел од континуираниот развој и унапредување на процесите, го зајакнуваме нашиот тим во рамки на Секторот за финансии и сметководство и отвораме позиција:

Помошник сметководител

Сектор: Финансии и сметководство

Опис на работната позиција:

  • Прием, проверка и евиденција на сметководствена документација;
  • Работа со влезни и излезни фактури;
  • Усогласување на салда и картички со комитенти;
  • Комуникација со добавувачи и купувачи за фактури и друга потребна документација;
  • Следење и проверка на отворени ставки;
  • Подготовка и испраќање конфирмации;
  • Помош при подготовка и контрола на документација за ДДВ;
  • Архивирање и организирање на сметководствена документација;
  • Работа во сметководствен софтвер и електронски систем за документација;
  • Подготовка на основни сметководствени прегледи и извештаи;
  • Оперативна поддршка на Секторот за финансии и сметководство.

Потребни квалификации и способности:

  • ССС или ВСС од економска насока;
  • Основно познавање на сметководство;
  • Познавање на MS Office, особено Excel;
  • Одговорност, точност и организираност;
  • Способност за работа во тим;
  • Комуникациски способности и желба за учење и професионален развој;
  • Предност: претходно работно искуство на слична позиција;
  • Предност: познавање на Pantheon.

Нудиме:

  • Работа во стабилна и долгорочно ориентирана компанија;
  • Конкурентна плата;
  • Јасно дефинирани улоги, процеси и одговорности;
  • Работа во современо поставен систем;
  • Можност за професионален развој и напредување во рамки на Секторот за финансии и сметководство.

Начин на аплицирање:

  • Заинтересираните кандидати да достават кратка биографија (CV) преку белото копче Аплицирај;
  • Контакт телефон: 072/251 255
  • Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за интервју;
  • Сите апликации ќе бидат третирани доверливо.