Енерго Систем проектира и изведува објекти од областа на термотехнички инсталации греење – ладење и вентилација, гасоводни инсталации, проекти за заштеда на енергијата и обновливи извори на енергија.

Вработува на позицијата:

Лимар
(производство и монтажа на вентилација)

Опис на работното место:

  • Изработка на вентилациони канали и елементи во производствен погон;
  • Работа со машини и рачен алат за лимарско производство;
  • Повремена теренска работа – монтажа на вентилациони канали на градилишта;
  • Следење на технички налози и цртежи.

Потребни квалификации:

  • Основно или напредно познавање на лимарски процеси;
  • Способност за работа со алат и машини;
  • Добра комуникација при преземање задачи и координација со тимот;
  • Завршено средно стручно или гимназиско образование.

Искуство:

  • Работно искуство во производство на вентилациони канали е предност, но не е задолжително;
  • Отворени сме и за кандидати подготвени да учат и да се развиваат во областа.

Профил на кандидатот:

  • Тимски ориентиран и одговорен;
  • Уреден и прецизен во извршување на задачите;
  • Фокусиран на квалитет и детали.

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку белото копче Аплицирај со задолжителна назнака на апликацијата “Лимар”

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!