Bioxa го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Лице одговорно за регулатива

Потребни квалификации:

  • Образование: Дипломиран фармацевт/Магистер по фармација со валидна лиценца за работа;
  • Познавање на минимум странски јазик: англиски;
  • Програмски пакет: Microsoft Office, Adobe;
  • Поседување возачка дозвола тип Б (активен возач).

Лицето ќе биде одговорно за:

  • Регистрација на лекови. Врши регистрација на нови лекови, ажурирање на документација на веќе регистрираните лекови, поднесува варијации, обнови и сите процеси поврзани со регулативата;
  • Следење и спроведување на системот на фармаковигиланца за сите регистрирани лекови. Ќе врши поднесување на PSUR-ови, поединечни извештаи и слично. Ќе врши постојано следење на несаканите дејства на регистрираните лекови;
  • Постојано следење на нови законски регулативи и измени на постојните закони на РМ што се однесуваат на лековите;
  • Исправноста и ажурираноста на документацијата на секој регистриран лек во правното лице;
  • Работење во електронскиот систем на Агенција за лекови во делот за регистрации како и во системот за фармаковигиланца;
  • Запишување во регистарот на медицински помагала. Следење на сите процеси поврзани со медицински помагала. Следење на систем на метериовигиланца;
  • Спроведување на постапки за регистрирање на додатоци на исхрана, следење на законската регулатива поврзана со Закон за безбедност на храна, следење на сите процеси поврзани со додатоците на исхрана;
  • Формирање единствени цени на лекови и следење на законско намалување на цените;
  • Секојдневна комуникација со лица одговорни за постапките кои се водат во Агенција за лекови и медицински средства и во Агенција за храна и ветеринарство;
  • Kомуникација со добавувачи и клиенти во однос на споделување информации и документација за производите.

Очекувани способности:

  • Насоченост кон резултати;
  • Мотивираност и желба за работа;
  • Ориентирани кон решавање на проблеми;
  • Способност за индивидуална и работа во тим.

Работен однос:

  • Полно работно време во траење од 40 (четириесет) часа неделно;
  • Плата: од 60.000 до 90.000 денари во зависност од претходното работно искуство;
  • Работно време: од 08:00 до 16:00 часот или 8:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

(Индустриска зона-Качанички пат-Скопје)

Вашето CV испратете го преку белото копче Аплицирај.

Контакт телефон: 02/2666 758