Клиничката болница „Аџибадем Систина”
има потреба од вработување на:

Административен асистент
на
Оддел за кардиохирургија

Опис на работното место:

  • Организација и координација на дневни административни активности на одделот, со цел негово непречено функционирање и квалитетна услуга кон пациентите;
  • Закажување прегледи, интервенции и состаноци;
  • Комуникација со пациенти и нивните семејства (лично и телефонски);
  • Подготовка, обработка и архивирање на медицинска и административна документација;
  • Подготовка на потребни извештаи;
  • Организација на состаноци, стручни колегиуми и работни активности на одделот;
  • Соработка и координација со другите оддели и институции;
  • Почитување на процедурите за заштита на лични податоци и доверливост на информации.

 Потребни квалификации и познавања:

  • Завршено средно образование;
  • Одлично познавање на англиски и албански јазик;
  • Работно искуство како административен асистент ќе се смета за предност;
  • Високо развиени комуникациски и организациски способности;
  • Познавање на работа со комјутери;
  • Високо ниво на доверливост и етика.

Дополнителни информации:

  • Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.