Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика
Вработени
704 617
Невработени
91 782
Стапка на вработеност
46.4
Стапка на невработеност
11.5
Просечна месечна нето плата
46 889
Просечна месечна бруто плата
70 520
КС Групација ја претстави својата програма за стипендирање пред студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет – Битола

Во текот на оваа работна недела, пред студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет – Битола беше успешно претставена програмата за стипендирање на КС Групација. Презентацијата на програмата се одвиваше во текот на цела работна недела, а се со цел да се информираат што поголем број од студентите за можностите кои ги нуди самата програма за стипендирање. Студентите со голем интерес ги следеа презентациите и изразија задоволство за можноста одблиску да се запознаат со придобивките што ги нуди оваа програма за стипендирање.
Во текот на презентацијата, претставниците на КС Групација ја презентираа визијата на компанијата за поддршка на студентите, како и значењето на образованието за идниот успех. Програмата за стипендирање е наменета за студентите кои покажуваат “апетит” за академско знаење и желба за професионален раст и развој. Оваа програма им нуди на студентите не само финансиска поддршка, туку и можности за пракса, менторство како и вработување во рамките на КС Групација.
Студентите беа запознаени со условите за аплицирање, процесот на селекција, како и со различните типови стипендии кои ги нуди самата програма.
Дел од промоцијата на програмата за стипендии беше и презентирањето на успешни приказни од тековни стипендисти на КС Групација, кои ова лето беа дел од практикантската програма која се одвива во рамките на канцелариите на КС Групација.
Настанот заврши со интерактивна сесија на прашања и одговори, при што на студентите им се дообјаснија сите детали околу самата програма за стипендирање преку која КС Групацијата станува нивни сојузник на патот кон нивниот кариерен развој.
Не ја пропуштајте оваа единствена можност да ја остварите својата академска и професионална визија со поддршка од КС Групација!
Повеќе информации за програмата за стипендирање на КС Групација дознајте на следниот линк.
Слични информации
Стипендисти на КС Групација 2023/2024 година
КС Групација минатата година ја започна програмата за стипендирање која е резултат на стратегијата за... прочитај повеќе
КС Групација потпиша меморандум за соработка со УКЛО
Во петокот на 17-ти мај во просториите на Ректоратот на Универзитетот “Свети Климент Охридски”-Битола, беше... прочитај повеќе
КС Групација ја спроведе 13 крводарителска акција
Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн кои се дел од КС Групацијата... прочитај повеќе
Зачлени се во нашиот
Е-Огласник
Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика





















