Движење што менува – ХалкЕко како двигател на еко-свеста


ХалкЕко не е само мобилна апликација, туку симбол на одговорно, одржливо живеење. Со едноставна, но моќна порака – повеќе движење, помалку CO₂ – платформата ги мотивира корисниците да пешачат, трчаат или возат велосипед. Секоја помината километража се претвора во конкретна еколошка акција, бидејќи Халкбанк засадува дрвја во име на секој активен корисник, претворајќи ја личната одлука во заедничко добро.
Покрај поттикнување физичка активност, ХалкЕко ги поврзува луѓето со мисија – да го намалат својот еколошки отпечаток и да придонесат кон позелени урбани и рурални средини. Секоја садница претставува симбол на надеж, а секој корисник – амбасадор на промената. Денот на планетата Земја, во оваа визија, не е само симболичен датум, туку секојдневна животна филозофија.


Во 2024 година, Халкбанк ја започна и својата најамбициозна еколошка акција досега – „Еден милион садници за пет години“, проект што го одбележува петгодишниот јубилеј на ХалкЕко и ја засилува борбата против климатските промени, зголемените емисии на CO₂ и заканата по биодиверзитетот.


Денот на планетата Земја е шанса за акција. А со ХалкЕко, таа акција добива смисла, резултати и долгорочна вредност. Заедно можеме повеќе – да зачуваме, засадиме и да оставиме зелено наследство за генерациите што доаѓаат.
Слични информации
Тајни за успешно штедење
Заштедата на пари е една од најважните навики што можете да ги развиете, но може... прочитај повеќе
Плаќајте во движење со Garmin Pay
Ако живеете динамично, постојано сте во движење, спортувате и обожувате да шетате во природа, тогаш... прочитај повеќе
Златни можности со златна картичка на Халкбанк
Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи многу можности... прочитај повеќе















