Tрета годишна конференција
“Women in Digital 2021”

Онлајн дебата на тема – Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини.


А1 Македонија
со задоволство ја најавува третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ која ќе се одржи на 8 април со почеток во 13 часот, оваа година во целосно онлајн формат чија содржина за прв пат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn.

Конференцијата ќе биде отворена за сите заинтересирани што сакаат да слушнат и да се вклучат во дебатата на една од најактуелните светски теми – Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини во дигиталната ера.

Истакнати жени–професионалци од реномирани македонски и странски компании ќе дебатираат за потребата од вештачката интелигенција, нејзината примена во работата, како и неопходниот развој и усовршување на потребните вештини за работа.

Ве очекуваме на “Women in Digital 2021“!

Агенда

13:00 – 13:10 – Отворање на конференцијата – Модератор Верица Јорданова

• Воведни обраќања
Методија Мирчев – Извршен директор на А1 Македонија
Јетон Шаќири – Министер за информатичко општество и администрација

13:10 – 13:20 – Главен говорник

Ана Симиќ – Раководителка за маркетинг автоматизација и дигитална трансформација во А1 Телеком Австрија Групација

13:20 – 13:45 – Панел дискусија

• Теми:
Континуирана еволуција
Како вештачката интелегенција и автоматизацијата влијаат на работните процеси?
Нови вештини за новото време

• Панелистки:
Ивана Доневска – Извршна директорка/Раководителка на секторот за податоци и аналитика, USAA Enterprise AML, Чикаго САД
Симона Атанасовска – Раководителка на одделот за истражување и развој во Codewell AI
Ирена Ивановска – Раководителка на одделот за ИТ едукација во Семос
Маја Милосавлевска Наумовска – Директорка на одделот за техника во A1 Македонија

13:45 – 14:00 – Финални забелешки и затворање на настанот

За да го додадете настанот во вашиот календар, клинете на линкот – https://www.addevent.com/event/XY6238480