Во А1 Македонија бараме идни таленти, кои се подготвени да откриваат нови светови во областа на DATA!

Дали знаеш што е A1 WayUp?

Ако твоите познавања и вештини се поврзани со Data science или Data analytics, дојди, учи и работи на реални проекти!

Во А1 Македонија бараме 8 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, со познавање од областа на Data science и Data analytics, кои ќе го збогатат и ќе го надградат своето знаење, ќе добијат можност за практична работа и искуство. Започнете го својот кариерен пат и работа на реални проекти.

Што ќе добиеш со програмата?

  • Првото нешто што се подразбира – освен што програмата е платена, ќе ги користиш сите бенефити како вработен во А1, а ги има навистина многу (деталите провери ги тука).
  • Практично искуство на конкретни и реални проекти – тоа ти дава голема вредност и те издвојува пред сите други.
  • Jасен план за развој и поддршка од ментор.
  • Стануваш дел од супернапредните процеси на дигитална трансформација.
  • Имаш пристап до технологија за која другите тукушто слушнале дека постои.
  • Учествуваш на разни настани (и забави) во рамките на компанијата. Стануваш дел од големото А1 семејството.

» Data Science

За оваа позиција ќе ти биде потребно основно познавање на концептите за машинско учење, SQL и Python. Она што не го знаеш, ќе го научиш на проектите како што се:

Predictive modeling

Развој на модели за максимизирање на вредноста на X-sell/Up-sell активностите во рамките на менаџирањето на односот со корисниците.

Модели за зголемување на ефикасноста на внатрешните операции на A1

Модели за оптимизација на процесот за набавка, симплификација на логистика и други важни внатрешни процеси.

NPS

Проект за разбирање на корисниците врз основа на нивниот животен циклус како корисник и сите интеракции што ги имале со А1, на сите канали.

Подготвен си да работиш и да ги надградиш твоите знаења? Пријави се!

Што те очекува за време на практичната работа?

На почетокот учиме Big dataPython за Data Science и машинско учење, напредна анализа на податоци и обработка на природниот јазик (NLP). Едукацијата се состои од формални обуки и практична работа на конкретни примери. Ќе научиш и дополнителни вештини; способност за презентирање и јавен настап, ефикасна комуникација и агилна работа. За кратко време ќе ги надградиш твоите вештини и знаења на ниво 2.0!

Во првите неколку месеци ќе работиш на еден од проектите на твојот ментор. Тој/таа ќе ти обезбеди средина во која ќе работиш на задачи од кои директно ќе учиш за процесот на изработка на предиктивни модели и како се работи нивното распоредување.

Како што поминува времето, а ти си сè поискусен/на, ќе станеш дел од агилниот тим на еден од 3-те проекти. Имаш поддршка од ментори што ти помагаат да ги разработиш идеите, да ја креираш архитектурата на решенијата и сите други постапки што треба да ги помине еден врвен мајстор во областа на Data Science. На почеток, ќе добиваш постојана поддршка од менторот, но како што поминува времето, ќе добиваш сè поголема независност и можност самиот/самата да управуваш со своите проекти и задачи.

» Data Analytics

Дали добро ти оди собирање, организирање и толкување статистички податоци? Ако знаеш математика, програмирање и анализа на податоци, ќе работиш на следниве проекти:

Предиктивни модели за финансии за корисници

Развој на предиктивни модели за спречување измами; унапредување на процесот на анализа и извештаи за финансии за корисници.

Автоматизација на маркетинг кампањи и активности

Структурирање и моделирање на податоци од кориснички интеракции преку различни онлајн/офлајн канали и мрежни системи, со цел креирање предиктивни модели за деловни одлуки.

Предиктивни модели за логистика и набавки

Интеграција на системи и развој на предиктивни модели за набавки. Работа на симплификација на процеси во логистика.

Напредна анализа на корисничко искуство

Модели за мапирање и предвидување на корисничкото искуство врз основа на однесувањето на корисниците.

Напредна анализа на податоци за деловни корисници

Напредна аналитика за профилирање деловни корисници и предиктивна анализа на трендови и корисничкото однесување, со цел донесување подобри одлуки во областа на бизнис-продажба.

Ти звучи интересно? Пријави се!

Што те очекува за време на практичната работа?

Во првите неколку месеци ќе поминеш обука за основите на Power BI, за основите на базите на податоци и системите DWH, како и за SQL (за оние што сè уште не се запознаени со тоа). Едукацијата се состои од формални обуки и практична работа на конкретни примери.

Ќе ти покажеме и дополнителни вештини; способност за презентирање и јавен настап, ефикасна комуникација и агилна работа.

Секој проект е во една деловна област со која ќе се запознаеш одблизу. Ќе имаш ментор што ќе ти дава поддршка и ќе те насочува на изворите на знаење. На почетокот, ти и менторот ќе бидете партнери за учење, но како што поминува времето, ќе добиваш сè повеќе простор за независност.

За кого е наменета програмата А1 WayUp?

За дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а имаат познавање на технологиите за работа со DATA.

Како изгледа процесот на селекција и вработување?

1. Пријава
Подготви кратка биографија и пријави се на посакуваниот проект преку формуларот за пријава на нашата кариерна страница.

2. Селекција
Процесот на селекција ќе се прави на база на потребни компетенции и вештини.

3. Дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики
Со цел да утврдиме кој проект најмногу ти одговара, ќе спроведеме тестирање на стручното знаење, како и дополнителни тестови за лични карактеристики.

4. Интервју
Тука сме да одговориме на сите твои прашања и со задоволство ја очекуваме нашата средба за да се запознаеме уште подобро.

…и Way Up!

Доколку постои одличен спој, потпишуваш договор за отпочнување на твојот ангажман и заедно започнуваме да откриваме и да градиме нови светови.
Се радуваме што ќе бидеме дел од твојата А1 приказна!

Со твојот ангажман започнуваш во октомври 2021 година.

Придружи се на А1 тимот!

Преку DATA до sвездите.