Со лице кон природата, со грб кон вревата: ХАЛКБАНК со нова креативна кампања за станбен кредит
Халкбанк, банката што постојано наоѓа креативни и иновативни начини за комуникација на своите производи, го најде идеалниот начин да пренесе порака во која, како и досега – важна е природата.


Во изминатиот период,низ главните крстосници во Скопје осамнаа билборди што директно зборуваат за алтернативниот, не толку популарен начин на домување: подалеку од вревата, поблиску до природата. Користејќи ја задната, таканаречена Б-страна на билбордите во центарот на градот, кои најчесто самите се опколени со зеленило, Халкбанк на идеален начин дава одговор на вечната дилема „дали да живеам во внатрешноста на градот или подалеку од асфалтот, поблиску до природа“.
Како и билбордите, така и градот има своја А-страна, полна со метеж, бучава, сообраќај и поголема концентрација на загадување во воздухот. За разлика од „популарната“ страна, Б-страната на градот е опколена со зеленило, паркови, маалски живот и спокој.
Едноставно, A-страната на градот не е веќе најдобрата опција за квалитетно домување.


Преку пораките затскриени во зеленило, како што се „Оваа страна на билбордот расцутува во пролет“, „Оваа страна на билбордот видела повеќе врапчиња отколку возила – избери стан на зелена локација“, Халкбанк го зема предвид трендот на избирање локации надвор од сообраќајниот метеж и градската бучава, таканаречената Б-страна на градот, и го поттикнува на навистина поволни услови на пазарот.
Вртејќи го своето лице кон природата и зеленилото, а грбот кон метежот, оваа кампања на Халкбанк, креативно изработена од Меккен, уште еднаш покажа дека луѓето, заедно со природата, се, биле и ќе бидат важни, на првото место на пиедесталот на приоритети на Банката.
Слични информации
Исполнете ги сите ваши итни потреби со дозволеното пречекорување на трансакциска сметка во Халкбанк
Предвремено трошење на расположливите парични средства може да му се случи на секој од нас.... прочитај повеќе
Мобилното банкарство на Халкбанк сега достапно и на AppGallery на HUAWEI
Услугата мобилно банкарство на Халкбанк која овозможува корисниците да имаат увид во своите сметки и... прочитај повеќе
Потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк: идеално партнерство за исполнување на сите финансиски потреби
Потрошувачкиот кредит со животно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк АД Скопје е... прочитај повеќе















