AIESEC е најголемата младинска, светска организација која има за цел развој на младите преку добивање на можност да го истражат и развијат својот лидерски потенцијал, а преку тоа да ги подобриме квалитетот и условите за живеење во општеството во целина за сите.

Организацијата е присутна во повеќе од 114 земји и територии, и работи на активирање на лидерство кај младите од 1948. До сега има над 1,000,000 млади луѓе поминале низ AIESEC искуството.

YouthSpeak Forum е проект кој го организира AIESEC на глобално ниво и моментално се организира во повеќе од 100 земји. AIESEC активно ги вклучува младите во проекти кои се базирани на Целите за Одржлив Развој на Обединетите Нации до 2030 година, а овој проект е дел од таа програма. Целта на проектот е обезбедување платформа во која младината има можност да го искаже својот глас, да биде едуцирана за модерните проблеми глобално и локално, од истомислени компании и организации, кои се залагаат за општествен развиток и соодветно вклучување во дискурсот за нивно решавање, притоа обезбедувајќи посветла иднина за сите нас по пат на ангажирање на висококвалитетна младина која воедно ќе биде главниот двигател на општествените промени во иднината.

YouthSpeak Forum исто така овозможува проширување на мрежата на контакти со влијателни претставници од приватниот и невладиниот сектор како и директен, позитивен импакт на општеството. YSF е наменет за спојување на истомислени поединци и организации со цел активно ангажирање и креирање нови можности за младите во Македонија. 

Овогодишниот настан ќе се одржува вируелно, овозможувајќи им на сите млади во државата од секаде да присуствуваат на 21ви и 22ри мај. Настанот е бесплатен за сите млади.

Зошто YouthSpeak Forum:

  • Платформа каде младите можат да го искажат своето размислување за проблемите, меѓутоа и да стекнат повеќе информации за истите;
  • Простор за networking и запознавање со влијателни компании и невладини организации од истите сектори;
  • Работа на случај и brainstorming сесии во соработка со приватниот и невладиниот сектор, преку кое ќе пронајдеме потенцијални решенија на проблемите;
  • Директно влијание врз локални и глобални проблеми;
  • Допринос до Целите за Одржлив Развој на Обединетите Нации;
  • Networking и ширење на мрежата на контакти со истомисленици и млади активисти кои се борат за подобро утре;
  • Бесплатен и онлајн настан;

Корисни линкови:

Линк до настанот на ФБhttp://bit.ly/YouthSpeakForum-2021

Линк за пријавување: bit.ly/YouthSpeak_Forum2021

Линк до Instagram профил: https://www.instagram.com/aiesecmacedonia/

Линк до Facebook профил: https://www.facebook.com/aiesec.macedonia

Линк до LinkedIn профил: https://www.linkedin.com/company/aiesecmacedonia