Лира го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Магационер/Дистрибутер
(комбинирано)

Опис на работното место:

  • Работа во продавница за кабли, електроматеријали и светилки како спремач на роба;
  • Средување и одржување на ред во магацин;
  • Прием на роба и сместување во магацин;
  • Лепење декларации/цени и сместување на место;
  • Услужување клиенти во продавница;
  • Возење за достава/набавка на роба до други фирми.

Потребни квалификации и очекувања:

  • Возраст на кандидатот: под 40 години;
  • Образование: Средно образование;
  • Возачка дозвола: Б категорија – потребен е искусен возач (би возел пикап и комбе) низ гужвите во Скопје;
  • Очекуваме коректен однос со сите вработени и претпоставени;
  • Љубезно однесување со клиентите;
  • Посветеност во работата и ефикасно извршување на обврските.

Работодавачот ви нуди:

  • Стабилна работа и редовна плата ➔ секој први во месецот (исклучок САМО ако е сабота, недела или државен празник);
  • Декемвриската плата ја исплаќаме пред Нова година;
  • Без притисоци, секогаш човечки се однесуваме и секој проблем се стремиме да го решиме мирно;
  • Еднаш годишно покачување на плата;
  • Исплата на годишен регрес, секогаш повисок од минималниот;
  • Почетна нето плата од 33.000 -35.000 денари во зависност од искуство, после 1 година 40.000 денари, а понатаму со годишен раст согласно редовното годишно покачување.

Испратете ни кратка биографија со контакт телефон преку белото копче Аплицирај.