
Оператор за подготовка на гумени смеси (двоваљак и миксер)
- Категорија
- Плата45.000 МКД
основна плата, можност за зголемување
![]()
Gumold објавува Оглас за работно место:
Оператор за подготовка на гумесни смеси
(двоваљак и миксер)
Компанијата Gumold има потреба од одговорна и мотивирана личност за работна позиција Оператор за подготовка на гумени смеси (двоваљак и миксер) во производствениот процес.
Потребни квалификации:
- Основно или средно образование;
- Пожелно претходно искуство во производство или работа со индустриски машини;
- Може да аплицираат и кандидати без искуство (обезбедена обука).
Потребни карактерни особини:
- Дисциплина и одговорност во извршување на работните задачи;
- Внимателно и безбедно ракување со машините;
- Способност за тимска работа;
- Организираност и посветеност на работата.
Компанијата нуди:
- Основна плата – 45.000 денари;
- Договор за вработување на определено време со можност за продолжување на неопределено време;
- Обука за работа со машините;
- Можност за напредување и зголемување на плата;
- Работа во две смени, од понеделник до петок;
- 40 работни часа неделно;
- Стабилна и долгорочна работа во производствена компанија.
Работни задачи и одговорности:
- Работа на двоваљак и миксер за подготовка на гумени смеси;
- Подготовка и мерење на суровини според работен налог;
- Мешање на гумени смеси согласно технолошкиот процес;
- Контрола на квалитетот на подготвената смеса;
- Одржување на чистота и ред во работниот простор;
- Почитување на правилата за безбедност и здравје при работа.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати можат да достават свое CV со назнака „Оператор за подготовка на гумени смеси“ преку белото копче Аплицирај.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Сите останати активни огласи од
Gumold
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче





























