Клиничката болница “Аџибадем Систина” со цел проширување на својот тим, објавува Оглас за вработување на:

Радиолошки технолог

Опис на работното место:

  • Извршува радиолошки снимања/испитувања (рентген, компјутерска томографија-КТ, магнетна резонанца-МРИ, а по потреба и други дијагностички процедури);
  • Ги подготвува, информира и правилно позиционира пациентите за снимање;
  • Ракува со современа радиолошка опрема и софтвери за обработка на медицински слики;
  • Ги следи и применува сите протоколи за радиолошка заштита и безбедност на пациентите и персоналот;
  • Доколку е потребно асистира на докторот радиолог при интервентни процедури;
  • Одржува хигиена и функционалност на работниот простор и опремата во континуирана комуникација и координација со медицинскиот тим на одделот.

Потребни квалификации и познавања:

  • Завршено високо образование за радиолошки технолог и положен стручен испит;
  • Минимум 2 години искуство на позицијата;
  • Познавање на апаратите на одделот и нивното функционирање;
  • Познавање на мерките за безбедност и претпазливост;
  • Високо ниво на внимателност при работењето;
  • Високо развиени комуникациски и тимски способности;
  • Способност за работа во динамична средина;
  • Одговорност, прецизност и организираност;
  • Високо ниво на доверливост и работна етика;
  • Познавање на работа со компјутер;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Дополнителни информации:

  • Огласот е отворен 15 (петнаесет) дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.