Мајорел е сега Телеперформанс.

Мајорел е купен од Телеперформанс што ни овозможува да испорачаме уште поисклучителни услуги на повеќе локации ширум светот и во поголем обем од кога било досега. Телеперформанс сега има локално присуство во 95 земји со речиси 500.000 луѓе, кои стојат покрај вас.

Комбинацијата на нашите водечки компании за бизнис услуги го прави Телеперформанс лидер во индустријата, поспособна од кога било да испорача критични решенија и поддршката што ви треба. Да ја совладаме промената заедно!

Кои сме ние?

Мајорел е глобален лидер во менаџмент на корисничо искуство

Клиентите велат дека нашата агилна култура не прави посебни, што значи дека водење бизнис со нас е лесно. Како експерти во менаџмент на кориснично искуство имаме видено сè, така што можеме да ја обезбедиме нашата доверливост која им е потребна на клиентите и грижата што ја заслужуваат нивните корисници.

Луѓето на Мајорел се разликуваат по специфичниот тип на жар и енергија. Секој ден сме мотивирани да се движиме подалеку и да постигнеме повеќе. Ние сме пргави, снаодливи, отпорни, агилни, и фокусирани. Ако и ти си како нас, ќе ти овозможиме средина во која ќе напредуваш и ќе се развиваш. Нашиот дух е немилосрден, издржлив и снаодлив, а тоа е што нè тера да одиме понатаму.

Нашиот сеопфатен глобален отпечаток, докажува дека можеме да испорачаме флексибилни решенија кои ја користат нашата уникатна експертиза во културолошка повеќеслојност, што е од суштинско значење за вистински извонредно корисничко искуство.

Животот во Мајорел Скопје

Во Мајорел веруваме дека е важно да му се дозволи на човекот да расте и да се развива како индивидуалец. Ја наградуваме оригиналноста, поттикнуваме креативно самоизразување, и им ја даваме на вработените слободата да си бидат свои. Овој пристап е отелотворен во нашите заеднички вредности: креативност, извонредност, и почит. Мотивирани сме од нашите луѓе, а водени сме од грижата за нашите луѓе. Мајорел обезбедува вискоквалитетна корисничка поддршка за своите клиенти, но најголемата поддршка и грижа ја дава на своите вработени, кои се витален дел од компанијата.  Горди сме што Мајорел Скопје е сертифициран како Great Place to Work. Добиениот сертификат само ја потврдува веќе докажаната одлична работна средина, компаниска култура и грижата за своите вработени.

Во срцето на Скопје со победнички мултикултурен тим и уникатна бизнис култура, во Мајорел ти нудиме извонредни можности за твојата кариера.

Бенефиции кои ги нуди Мајорел

  • Конкурентна плата
  • Месечни бонуси за постигнати резултати
  • Приватно здравствено осигурување
  • Програми за кариерен развој
  • Програма за благосостојба (спортски и рекреативни активности и настани)
  • Флексибилен распоред и договор на полно или скратено работно време
  • Меѓународна и мултикултурна работна средина

  • Седиште
    Скопје
  • Локација
    ул. Железничка бр.41, Скопје
  • Основана
    јуни 2021
  • Категорија / Индустрија / Сектор
    Кориснички Услуги
  • Големина
    250 вработени

Нема активни огласи во моментот...