
Lidl
- Компанија
- Зошто Лидл?
- Бенефиции
- Вработените и Корпоративната култура
- Нашите вредности
- Сите активни огласи 0
Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.
Ние во Лидл веруваме дека се што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој не обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
LinkedIn: Lidl North Macedonia DOOEL Skopje
-
СедиштеСкопје
-
Локацијабул. Киро Глигоров бр. 2 - 3 Кат, Скопје - Гази Баба
-
Основана2021
-
Категорија / Индустрија / СекторТрговија на мало
-
Големина376.000 вработени
-
Контакт на
Вработените се во фокусот на вредностите на нашата компанија. Сите ние се чувствуваме како едно големо семејство, добиваме поддршка и благодарност од колегите ширум светот и во Лидл никогаш не може да ти биде здодевно. Едноставноста, правичноста и лојалноста се вградени во нашата секојдневна работа. Нашата корпоративна култура ги охрабрува сите да бидат свои, да се почитуваат едни со други и да работат заедно, а сето тоа е наш најголем двигател и мотивација на патот кон успехот.
На интернационално ниво, нашиот тим се состои од луѓе кои припаѓаат на различни националности, луѓе со различни вештини и возрасни групи, а имаме и родово балансиран лидерски тим. Се стремиме да имаме едноставни, ефикасни и ефективни процеси, каде што тимската работа е висок приоритет, а комуникацијата е отворена и транспарентна.
Во Лидл, ние сме посветени на поттикнување продуктивна и флексибилна култура и работна средина и на меѓународно ниво нашата компанија е препознатлива како фер и работодавач со прогресивни практики во работењето. На прво место се нашите вработени и постои Кодекс на однесување за нивна заштита.
- Стимулативна работна средина којашто го извлекува целиот твој потенцијал.
- Работа во интернационална средина со можност за размена на искуства со колеги од 31 земја каде што постои Лидл на пазарот.
- Атрактивен компензациски пакет.
- Обуки – Можност за континуиран личен и професионален развој.
- Можност за глобална мобилност.
- Безброј можности за кариерен развој.
- Пакет за добредојде на новите вработени.
Грижата на нашите вработени е на прво место и градиме култура која го манифестира најдоброто во секој од нас, стремејќи се да бидеме препознаени како фер и прогресивен работодавач.
За нас најважно е да обезбедиме соодветна работна средина каде секој вработен ќе се чувствува мотивиран и ангажиран со цел да го реализира својот целосен индивидуален потенцијал и на тој начин да придонесе за успехот на организацијата. Сакаме да им понудиме на нашите вработени не само атрактивен пакет бенефиции и сигурна иднина, туку и да ја направиме нашата секојдневна работа колку што е можно поинтересна, пријатна и инспиративна.
Нашите тимови се водени од доверба. Да се биде дел од Лидл, значи да се биде дел од компанија која верува дека секој има шанса. Не само да се докаже во она што го прави, но и подеднакво има шанса да биде проактивен и да дозволи самите дела да говорат за него како личност. Затоа ги охрабруваме иновативните идеи на нашите вработени и многу го цениме преземањето иницијативи во рамките на нашите тимови.
Во согласност со ова, негуваме култура на едноставен и транспарентен избор на кандидати, поради што сме препознаени како посакуван и чесен работодавач во земјите каде што постоиме на пазарот.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство. Тие се нашиот главен двигател на успехот на компанијата и затоа постојано инвестираме во нивниот развој, градејќи средина која промовира континуирано учење и усовршување. Со самото тоа што на своите вработени Лидл им нуди многу различни можности за развој, компанијата расте и секој од нашите вработени има многу перспективи за иднината. Обезбедуваме позитивна работна средина во која се цени индивидуалната одговорност и тимската работа. Лидл нуди стабилни и безбедни можности за работа во кои личниот и тимскиот придонес навистина се вреднуваат и ценат.
Нашата заедница од разнолики луѓе, корпоративната култура и уникатната работна атмосфера се нештата коишто го истакнуваат Лидл како работодавач!
Заедничките корпоративни вредности се срцето на нашиот #teamlidl, тие нè обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји!
Перформанси – Заедно сме успешни и ги надминуваме нашите можности!
Ние:
- страсно се стремиме кон амбициозни цели;
- постојано се развиваме – запирањето не е опција;
- проактивно бараме најдобри решенија – предизвиците ги претвораме во можности.
Почит – Ги ставаме луѓето во фокус на сè што правиме!
Ние:
- се однесуваме фер еден кон друг – разговараме еден со друг, не еден за друг;
- обезбедуваме еднакви можности, а диверзитетот е наша најсилна страна;
- ја цениме посветеноста и придонесот на секој поединец.
Доверба – Си веруваме еден на друг и еден во друг!
Ние:
- комуницираме отворено и искрено;
- сме доверливи – нашиот збор вреди;
- се потпираме еден на друг, а грешките ги гледаме како можности за учење.
Приземеност – Имаме големи соништа, но остануваме приземени!
Ние:
- сме пристапни и се третираме еден со друг како еднакви;
- се фокусираме на резултати и избираме едноставност, наспрема комплексност;
- го одржуваме нашиот збор и управуваме со нашите силни и слаби страни на конструктивен начин.
Припадност – Заедно сме посилни отколку сами!
Ние:
- застануваме еден зад друг и се држиме заедно;
- работиме заедно и ги користиме нашите сили;
- се фокусираме на долгорочни релации – само заедно можеме да бидеме успешни.