Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика
Вработени
704 617
Невработени
91 782
Стапка на вработеност
46.4
Стапка на невработеност
11.5
Просечна месечна нето плата
46 889
Просечна месечна бруто плата
70 520
JOIN. CODE. WIN – Придружи се на Sopro Hackathon


Почетокот на Септември, во Скопје ни претстои интересен настан. Sopro ќе биде домаќин на Sopro <hack/d> Hackathon.
ШТО е Sopro <hack/d> Hackathon?
Sopro е дигитална маркетинг агенција, која иако се класифицира во маркетинг секторот, подржана е од иновативен софтвер и IT тим кој работи со најнови технологии и ги следи последните трендови во интернет општеството.
Sopro <hack/d> Hackathon е 24-часовен предизвик за иновативни луѓе кои уживаат во изнаоѓање на креативни решенија преку програмирање.
Хакатонот е на тема Artificial Intelligence (AI) и нуди 3 под-теми, поточно: Smart office, NLP(natural language processing) и Digital asset management, која учесниците ќе можат да ја одберат по сопствен избор.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
На настанот може да се пријават сите што сакаат да придонесат со идеи и решенија и сите што наоѓаат предизвик во решавање софтверски проблематики. Потребно е секој тим да биде составен од членови кои имаат искуство во развој на софтвер (веб, мобилни апликации и слично). Тимовите треба да имаат од 3 до 5 членови. Доколку немате тим, можете да се пријавите на hackathon@sopro.io и ќе бидете сместени во тим од страна на Sopro.
КОГА И КАДЕ СЕ СЛУЧУВА?
Хакатонот ќе се одржува во новите канцеларии на Sopro на плоштад Македонија во центарот на Скопје. Ќе започне на 4ти Септември и ќе трае 24 часа до 5ти Септември.
Пријавувањето на учесниците ќе трае до 20ти Август 23:59 часот. Сите учесници ќе имаат можност да се запознаат со деталите и темите подетално на 4ти Септември при самиот почеток на настанот. Ветуваме нема да има големи изненадувања.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Пријавете се на https://sopro.io/hackathon/register/. Потребно е да внесете лични податоци како име и email, искуство, преференци за работа со одредени технологии и Github username. По затворање на регистрацијата, ќе бидете исконтактирани доколку сте успеале да влезете во потесен круг за учество на Sopro <hack/d> Hackathon.
ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
- Покажете ги вашите вештини
- Научете повеќе и споделете идеи
- Предизвикајте се
- Направете нови контакти
- Добијте кул подароци
- Вашето решение може подоцна да се реализира
- Награди за победниците
НАГРАДЕН ФОНД
- 1 МЕСТО – 3.000 €
- 2 МЕСТО – 2.000 €
- 3 МЕСТО – 1.000 €
Ве очекуваме на sopro.io/hackathon.
JOIN. CODE. WIN

Слични информации
ПОГЛЕД ОДВНАТРЕ: Новите канцеларии на Sopro во срцето на Скопје, на плоштад Македонија
Британската компанија Sopro после шест години на британскиот и пет години на македонскиот пазар, пред... прочитај повеќе
Академија за програмирање во Python
Python е популарен програмски јазик веќе долго време. Ова главно се должи на неговата... прочитај повеќе
Зачлени се во нашиот
Е-Огласник
Студенти
Неформално образование
Информации
“Тајната на животниот успех им е позната само на оние кои не успеале.”
- Џон Ч. Колинс
“Тајната на успехот во животот не е во тоа да се работи тоа што се сака, туку да се сака тоа што се работи.”
- Черчил
“Патот до успехот и патот до неуспехот се речиси исти.”
- Колин Р. Дејвис
Индикатори
Извор: Државен завод за статистика






















