
Специјалист по анестезиологија
- Категорија
- Плата/


Клиничката болница “Аџибадем Систина”, со цел проширување на својот тим, објавува Оглас за вработување на: Специјалист по анестезиологија со интезивно лекување на Оддел Анестезија.
Анестезиолог
Опис на работното место:
- Планирање и изведување на сите видови анестезија;
- Предоперативна проценка и подготовка на пациентите;
- Континуирано следење и одржување на виталните функции за време на хируршки интервенции;
- Постоперативен мониторинг и третман на пациенти;
- Работа во оддел за анестезија и интезивно лекување;
- Управување со акутна болка и итни медицински состојби;
- Соработка со сите хируршки тимови и останати вработени во болницата;
- Водење на медицинска документација согласно законските прописи и продеурите усвоени од болницата.
Потребни квалификации и познавања:
- Завршено високо образование – Медицински факултет;
- Положен стручен испит;
- Завршена специјализација по анестезиологија со интезивно лекување;
- Важечка лиценца за работа;
- Минимум 2 години искуство на позицијата;
- Познавање на современи анестезиолошки техники и опрема;
- Способност за работа во динамична средина;
- Одговорност, прецизност и организираност;
- Високо ниво на доверливост и работна етика;
- Познавање на работа со компјутер;
- Познавање на англиски јазик.
Дополнителни информации:
- Огласот е отворен 15 (петнаесет) дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
Сите останати активни огласи од
Аџибадем Систина
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче



































