Компанијата “СВЕТОТ НА КАФЕТО” објавува оглас за ангажирање на ФИНАНСОВ АДМИНИСТРАТОР

Потребни квалификации:

  • Потребно е претходно работно искуство од 2-3 години, а во истата област ќе се смета за предност (високо образование и лиценца за Овластен Сметководител не е потребно);
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office пакетот и сметководствени програми.

Опис на работни задачи:

  • Спроведување административни активности, грижа за непречено функционирање на компанијата и поддршка на целокупното административно работење;
  • Подготовка на документација за АВРМ, пријава/одјава на вработени во АВРМ, и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ;
  • Подготовка на документација за ФЗО, пријава/одјава во ФЗО, документи за боледување; следење на предмети, комуникација со вработените;
  • Посета на клиенти, институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен регистар, банки итн.) и достава на документација;
  • Подготовка на документи – персонални досиеа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди);
  • Фактурирање и обработка на влезни фактури;
  • Повратница со одобрение;
  • Книжење на изводи и благајна;
  • Ракување со фискален апарат;
  • Компензација /консигнација-цесија и друго

Личен профил:

  • Организирана, одлучна и одговорна личност;
  • Навремено исполнување на работните задачи;
  • Лојалност, иницијативност, темелност и енергичност

Заинтересираните лица можат да достават кратка биографија преку белото копче Аплицирај во сината лента на почетокот на Огласот.
тел. 075/243-613

Краен рок за достава на кратки биографии е 30.09.2020 година.