На македонскиот пазар Веропулос е присутен од 1997 година со отворање на првиот супермаркет во Скопје. Со самото доаѓање во 1997 година, претставува една од поголемите странски инвестиции од осамостојувањето на државата. Со своето започнување со работа, Веро внесе нов тренд и поинаков начин на пазарување во согласност со сите европски стандарди и методи на работа во малопродажниот бизнис.

Нашата основна активност и определба е ширење на синџирот супермаркети на места каде што потрошувачите ќе најдат сè на едно место, ќе пазарат по најповолни цени, ќе добијат најквалитетна услуга и, секако, ќе уживаат при пазарувањето. Добро организираниот асортиман, контрола на квалитетот, беспрекорни услуги, континуирано присуство на промотивни и акциски продажби, ексклузивни производи и брендови кои се застапени само во маркетите на Веро бездруго се карактеристиките по кои ќе ги препознаете нашите супермаркети.

За потребите на Веро супермаркетите во Скопје потребен е:

  • Персонал за продажба во маркет

  • Персонал за работа во магацин

  • Персонал за обезбедување

Сите заинтересирани кандидати да достават молба со кратка биографија на: Веропулос ДООЕЛ бул. Кочо Рацин бр. 1 1000 Скопје или електронски да аплицираат преку белото копче Аплицирај во сината лента на почетокот на огласот.

*Работното време е во две смени, 40 часа неделно.

Потребни квалификации:

  • Минимум ССП
  • Комуникативна, динамична и ведра личност
  • Познавање на Англиски јазик (ќе се смета како предност)
  • Седиште
    Скопје
  • Локација
    Кочо Рацин бр.1, 1000 Скопје
  • Основана
    1997
  • Големина
    1000 вработени