Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг ТЕТРАКТИС Кристијан ДООЕЛ од Скопје објавува оглас за вработување за позиција:

Архитект-Проект менаџер

Потребни квалификации:

  • Минимум 2 години релевантно работно искуство (проектирање, надзор и инженеринг);
  • ВСС – архитектонски факултет;
  • Овластување Б за проектирање/надзор;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на работа со компјутери, задолжително познавање на ACad програм, работа во Microsoft Word, Excel и Power Point;
  • Возачка Дозвола – Б категорија.

Потребни вештини, познавања и карактеристики:

  • Познавања од областа на архитектура и проектирање, значителни познавања во проектирање на детали;
  • Искуство и познавање во проектирање на градби и објекти од различни типови и категории (административно-деловни објекти, индустриски објекти, колективно-станбени и индивидуално-семејни објекти);
  • Познавање и искуство во проектирање, контрола и синхронизација со други фази на проектирање (електрични инсталации, термотехника, водовод и канализација, патишта и сообраќај, ППЗ и БЗР);
  • Познавања и следење на светските трендови во архитектурата и оперативни контакти;
  • Деловна коресподенција и ефективни комуникациски вештини, докажани вештини за работа во тим;
  • Способност да се координираат повеќе проекти истовремено;
  • Иницијативност, доверливост, способност за аналитичка работа, способност за решавање на конфликти, способност за работа под притисок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) преку белото копче Аплицирај најдоцна до 21.04.2021 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју.