РЖ УСЛУГИ АД Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој.
Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

РЖ УСЛУГИ АД Скопје објавува оглас за вработување на

Овластен сметководител

работно време 08-16ч

Квалификации на кандидатите:

Уверение за овластен сметководител издадено од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ

Конкурентски предности за сите работни позиции:

  •  Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

·        Биографија (CV)
·        Доказ за завршено образование

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно).

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи преку белото копче Аплицирај во сината лента на почетокот на Огласот, со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира“.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување: 31.10.2020