При секојдневното сретнување со нашите клиенти и потрошувачи, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позиција и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.

Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Чувство за односи со клиенти.

Краток опис на основните одговорности:

  • Спроведување на дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
  • Обезбедување соодветна присутност и изложеност на прозиводите согласно стандардите на компанијата;
  • Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
  • Генерирање и проследување нарачки до производителот;
  • Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
  • Подготовка на соодветна документација за продажба;
  • Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат преку белото копче Аплицирај во сината лента на почетокот на Огласот и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 12.08.2020 год.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.