Новел Недвижности го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:

Агент за недвижности

Основни одговорности:

  • Посредување при издавање/продажба, преговарање и советување за условите на пазарот;
  • Воспоставување на позитивни односи со клиенти, контактирање и создавање/обновување на база од податоци;
  • Континуирано следење на пазарот;
  • Редовно ажурирање на база на податоци.

Потребни квалификации:

  • Диплома за недвижен имот, бизнис или сродна област;
  • Предност ќе имаат кандидати со работно искуство во областа на недвижности;
  • Лиценца за недвижен имот, знаења за недвижен имот;
  • Силни комуникациски и преговарачки способности;
  • Внимание на детали и организациски вештини;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на работа со Office пакет и Internet.

Сите заинтересирани кандидати својата кратка биографија (CV) може да ја доставаат преку белото копче Аплицирај.

Ќе бидат контактирани само апликациите кои ќе влезат во потесен круг.