ЛАСЕР МЕД – Центар за физикална и кинезитерапија успешно работи веќе 20 години. (www.lasermed.com.mk). Извршува услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Објавува Оглас за следната работна позиција:

Физиотерапевт 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо медицинско или средно образование за Физиотерапевт (положен стручен испит би било предност);
  • Познавање на англиски јазик (основно ниво);
  • Компјутерски вештини (основно ниво Word, Excel);
  • Професионалност, љубезност и учтивост;
  • Работно искуство е предност, но не е задолжително.

Работни задачи:

  • Дизајнирање и примена на програми за намалување на физичката болка, зајакнување на мускулатурата, подобрување на мобилноста на зглобовите, движењето и рамнотежата;
  • Спроведување на постапки на физикална терапија (електротерапија, ласеротерапија, магнетотерапија, топлотна терапија, и др.);
  • Спроведување на кинезитерапевтски постапки, мануелна терапија во професионална рехабилитација;
  • Рачна масажа, акупунктура и акупресура во рехабилитацискиот процес;
  • Примена на сертифицирани техники од областа на физикална терапија;
  • Советување на пациентите за постапките кои треба да се преземат надвор од клиничкото лекување;
  • Водење на медицинска евиденција за пациентите;
  • Вршење на сродни задачи;
  • Одржување на ред и хигиена на работно место.

Профил на личност:

  • Организираност и одговорност;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Професионалионален и љубезен однос кон клиентите;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност;
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови.

Што нудиме:

  • Ние Ви нудиме одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера;
  • Платен период на почетна обука и можност за натамошно стручно усовршување за почетници.

Кандидатите потребно е да го достават своето CV (кратка биографија на македонски јазик со фотографија) преку белото копче Аплицирај.

Контакти за повеќе информации: +389 2 246 6021 и 070 333 235.