Имаме потреба од нов член во одделот за продажба и патувања – Travel Agent

Во што се состои работата:

  • Барање и склучување на договори за соработка со нови партнери (хотели, туристички агенции) 
  • Организирање на патувања на групи
  • Работа на резервациони системи за хотели
  • Испраќање на пресметки/калкулации по завршена зделка 
  • Одржување на професионален и пријателски однос со клиентите

Што очекуваме:

  • Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност
  • Желба за работа со луѓе и желба за работа во Grouper пред сé
  • Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива
  • Тимска игра

Што треба да знаеш:

  • Англиски јазик, напредно ниво
  • Работа со компјутери (Microsoft Office)
  • Претходно работно искуство во областа на туризмот

Како да аплицираш:

  • Преку белото копче Аплицирај во сината лента на почетокот на огласот, со испраќање на твоето CV и мотивациско писмо
  • Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Travel Agent