ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

Работни задачи:
– Инсталација на слабострујни кабли во деловни, индустриски и станбени објекти
– Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап

Потребни квалификации:
– Минимум средно образование
– Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
– Познавање на англиски јазик
– Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
– Комуникациски вештини
– Способност за самостојна и тимска работа
– За предност ќе се смета познавање на работи поврзани со јакострујни инсталации и системи

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш кликнете на белото копче Аплицирај на почетокот на огласот.