ДСА ТЕАМ е тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Бараме нови колеги да се приклучат во нашиот тим
на работна позиција:

ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Позицијата се однесува на: Скопје и Штип.

Замислете дека имате директен удел и заслуга во производство нa нов автомобил и дека сте во прилика да контролирате некои од сегментите на производните компоненти на автомобили на сите реномирани произведувачи.

  • Дали сакате да се придужите на одговорен и мотивиран тим кој учествува во овие процеси?
  • Дали сакате да бидете дел од компанија која брзо се шири и заедно да напредувате а со тоа стекнувате нови искуства, познанства и знаења?

Доколку вашиот одоговор е ДА, придружете се на нашиот тим ќе ни биде задоволство да соработуваме.

Опис на работните обврски и задачи:

  • Сортирање и селекција на делови;
  • Доработка на делови;
  • Поддршка на производствен процес;
  • Тестирање на производи на локацијата на купувачот;
  • Работи поврзани со монтажа, преправка и контрола на финален производ;
  • Следење на инструкции за работа и работни упатства;
  • Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа.

Услови:

  • III/IV степен на образование (со или без работно искуство);
  • Тимска работа;
  • Посветеност и прецизност во работата;
  • Подготвеност за работа во III смени.

Ние нудиме:

  • Едукација и тренинг во секторот за квалитет;
  • Можност за работа на проекти во странство;
  • Динамично и забавно работно опкружување;
  • Атрактивна заработка и дополнителни бонуси;
  • Обезбеден превоз и платен оброк од првиот ден.
  • Исплата на регрес за годишен одмор и минат труд.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат бараните услови потребно е да ги достават своите биографии преку белото копче Аплицирај.

Станете дел од тимот, кој постојано напредува! www.dsaoutsourcing.com