Неговател

Приватна детска градинка Cool Kids – Скопје објавува Оглас за вработување на Неговател – мотивиран и креативен член на тимот кој ќе биде одговорен за грижа и нега на деца од предучилишна возраст.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно четиригодишно образование;
  • Важечка лиценца за неговател издадена од Министерство за труд и социјална политика;
  • Креативност и способност во реализација на програма и дневни активности и активно следење на детскиот развој.

Вештини и способности:

  • Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
  • Професионален и позитивен однос.

Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:

  • Работното време на оваа позиција е 8 часа, од 07:30 до 15:30 часот или 09:30 до 17:30 часот, од понеделник до петок;
  • Локацијата на извршување на работниот ангажман е во објектот во населба Кисела Вода или објектот во Центар.

Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија преку белото копче Аплицирај.

Web – coolkids.mk

Контакт телефон за повеќе информации: 071/314 188