Сакаш да бидеш дел од компанија, регионален лидер, која ги застапува
брендовите од нашето детство?
Сакаш да бидеш дел од успешен тим и наш амбасадор на терен?
Тогаш, оваа позиција може да биде твојот следен предизвик!

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ

АКО МИСЛИШ ДЕКА:

  • ти одговара динамична средина и работа на терен,
  • имаш релеватно искуство во продажниот свет,
  • си комуникативна личност и ти одговара соработка со други,
  • си одговорна и самоиницијативна личност која предлага нови идеи и решенија,
  • ти е важна брзината и квалитетот на извршените дневни задачи,
  • имаш дозвола „B“ категорија.

ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:

  • вршиш редовна посета на продажните објекти и градиш позитивни односи со купувачите
  • се грижиш за застапеноста на нашите производи и нивна квалитетна изложеност
  • водиш евиденција за роковите според FIFO стандардите
  • поставуваш панели за изложување на производите

ЗОШТО АТЛАНТИК:

  • Атлантик Група е океан на можности кој ти нуди многубројни бенефиции;
    покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес, а преку квалитетен систем на управување со учинок, наградување и флекс бенефиции ќе имаш можност да бидеш препознаен за дополнителниот труд кој го вложуваш во нашата компанија.
  • На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со деловните потреби.
  • Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit и Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.

Заинтересиран/а си? Пријави се преку белото копче Аплицирај во сината лента на почетокот на Огласот и дај ни можност да се запознаеме.

Атлантиковци