Python е популарен програмски јазик веќе долго време. Ова главно се должи на неговата лесна за учење синтакса и разноврсност. Можете да го користите Python во речиси секоја област на развој на софтвер. На пример, можете да работите со: веб развој (web development), наука за податоци (data science), развој на игри (game development) и многу повеќе. Ова го прави Python еден од најбараните програмски јазици на пазарот. Кога би прашале некој програмер кој работи во друг програмски јазик, што би сакале следно да совладаат токму Python е еден од најчестите одговори.

Целта на програмскиот јазик Python беше да биде јазик за општа намена применлив за практично сè. Уште поважно, целта на програмскиот јазик Python беше да ја намали сложеноста на синтаксата за кодирање, имајќи предвид многу други јазици имаа и сè уште имаат навистина сложена синтакса што е тешко да се научи. Благодарение на неговата поедноставена синтакса, Python е многу побрз за учење од речиси кој било друг програмски јазик и најчесто се препорачува како прв програмски јазик за учење. Поради својата популарност, Python има и една од најголемите и најподдржувачки заедници.

Аплицирај.мк Академијата за програмирање во Python се состои во три дела:

  1. Вовед за програмирање во Python

  2. Python за Data Science

  3. Работење со RESTful APIs во Python

Времетрањето на академијата е два месеци, со старт во март 2023 година,  40 часа и предавањата ќе се одвиваат онлајн.

Содржина на Академијата:

1 дел: Вовед во програмирање во Pyhon

  • Вовед во програмирање со Python и негови предности
  • Tипови на објекти
  • Lists, Dictionaries, Tuples, Sets, Files
  • Вовед во Python statements, Assignments, Expressions, Prints
  • If/else
  • For/while loop
  • Работа со модули
  • Подесување на Python околина

2 дел: Python за Data Science

  • Вовед во Data Sciende
  • Python packeges за Data Science
  • Дескриптивна статистика
  • Machine Learning со Python

3 дел: Работење со RESTful APIs во Python

  • Вовед во работење со RESTful APIs
  • Читање на документација и работење со JSON податоци
  • Користење на Postman
  • CRUD – create, read, update and delete data using RESTful APIs

По завршувањето на Аплицирај.мк Академијата ќе бидете во можност да работите користејќи го Python програмерскиот јазик, разбирајќи ги основните концепти, напредни концепти, ќе умеете да пишувате скрипти и да наоѓате решенија за секојдневните предизвици користејќи го Python јазикот, за што добивате Сертификат за успешно завршена Академија за програмирање во Python.

Цената за Академијата е 30.000 денари, со можност за плаќање на 6 месечни рати.

За рана уплата до 31.01.2023 и за уплата во целост се добива 10% попуст.

Можете да ни ја испратите вашата апликација со ваши податоци и контакт телефон преку белото копче Аплицирај на [email protected] или да ни се јавите на +389 76 440 604 и +389 76 440 706.

  • Категорија / Индустрија / Сектор
    Маркетинг