Естетичар
-
Категорија
-
Плата/


Клиничка болница “Аџибадем Систина” го проширува својот тим,
има потреба од вработување на:
Естетичар
Работни обврски:
- Спроведување естетски и козметолошки третмани;
- Анализа на состојбата на кожата и препорака на соодветни третмани;
- Асистирање и работа во областа на естетската дерматологија согласно стручните протоколи;
- Советување на клиенти за домашна нега и козметички производи;
- Одржување на високи стандарди за хигиена и квалитет на услугата;
- Работа со ласерски систем за отстранување на влакна;
- Асистенција при прегледи и амбулантски интервенции.
Потребни квалификации:
- Завршено образование од областа на козметологија, естетика или сродна област;
- Претходно работно искуство во естетска дерматологија и козметологија;
- Претходно работно искуство за работа со ласер ќе се смета за предност;
- Познавање и практично искуство со третмани за лице и тело;
- Познавање на професионална козметика и протоколи за нега на кожа;
- Одговорност, професионалност и посветеност кон клиентите;
- Одлични комуникациски вештини и тимска работа;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на работа со компјутери;
- Љубезност, флексибилност, доверливост.
Дополнителни информации:
- Огласот е отворен 15 (петнаесет) дена. Апликациите треба да бидат доставени преку белото копче Аплицирај или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје;
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по Огласот;
- Дискреција на кандидатите е загарантирана;
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Сите останати активни огласи од
Аџибадем Систина
Зачлени се во нашиот Е-Огласник
и добивај ги најновите огласи секој понеделник
во твоето Е-сандаче




















